Нина Ангеловска е клучна фигура во македонскиот е-трговски пејзаж, позната по својата иновативност и лидерство во дигиталната трансформација. По завршувањето на престижните награди за е-трговија во март, разговараме со Нина за нејзиниот пат, тековните активности и дел од нејзиниот претприемачки живот.
1. Нина, како започна Вашето патување во е-трговијата?
Мојата пасија за е-трговија започна на Економскиот факултет при УКИМ, кога го избрав департманот Е-бизнис во 2006 година. Потоа следеше практична работа со лансирањето на Grouper во 2011 година. Во текот на студиите учествував на многу натпревари, а наградата за најиновативен бизнис план ми беше главен поттик да започнам сопствен бизнис.
2. Како започна организацијата на E-commerce Awards и какво е Вашето мислење за оваа година?
Натпреварот започна пред четири години со цел да се препознаат и наградат успешните компании. Оваа година имаше 200 номинирани компании и над 5.000 гласачи, што покажува растечки интерес.
3. Кои се најголемите предизвици во е-трговијата денес?
Е-трговијата бележи раст, при што 63.5% од интернет корисниците купуваат онлајн.
Главни предизвици се доставата, сивата економија, платежните системи и недостигот на квалификуван кадар.
4. Каква е иднината на е-трговијата?
Очекуваме континуиран раст во 2025 година, со зголемена дигитализација, нови е-продавници и повисоки очекувања од корисниците.
5. Како ја балансирате кариерата и мајчинството?
Со добра организација успевам да балансирам. Детето е мој приоритет, но сè зависи од тоа како го организираме времето.
6. Без кој уред не можете?
Телефонот – неопходен е за комуникација, работа и секојдневни активности.
7. Имате ли рутини?
Да, спортот ми е утрински ритуал кој ми дава енергија.
8. Како се опуштате?
Чаша вино со сопругот, разговор или добар филм.
