LinkedIn е веројатно најпопуларната и најкористената социјална мрежа за пронаоѓање на работа. Во Македонија, иако LinkedIn сè уште заостанува зад Facebook и Instagram, сепак бележи континуиран раст, при што во 2024 година се евидентирани околу 370 илјади профили според извештајот на DataReportal.
Оттука, доколку сакате професионален и кариерен развој, промена на работата или пронаоѓање дополнителна работа, оваа платформа може да биде вистинскиот избор за вас.
Креирајте профил и следете ги следните чекори:
• Поставете професионална фотографија;
• Посочете во кои области работите и во што сте стручни;
• Наведете го вашето образование;
• Истакнете го работното искуство и периодите на ангажман;
• Објавувајте вести за вашето учество на корпоративни настани и споделувајте релевантни блог-содржини од вашата област;
• Одбележете важни јубилеи (годишнина на работа, дипломирање, магистратура и сл.);
• Поврзете се со ваши блиски луѓе, но и со професионалци од слични и различни области;
• Поврзете се со компании, организации и асоцијации.
Исто така, важно е да бидете конзистентни и автентични во комуникацијата. Можете да користите ChatGPT, но не дозволувајте генеричните објави да доминираат. Секогаш додавајте свој стил и препознатливост, што ќе ве издвојува од другите.
LinkedIn не е социјална мрежа за споделување приватни содржини, затоа обидете се да ги намалите таквите објави.
И да, заследете го профилот на JobLink by DEKRA на LinkedIn и бидете во тек со сите новости од HR индустријата, огласите за работа и слично.
