Не чекајте совршен момент за да направите чекор напред во кариерата. Денес
има повеќе можности од кога било, а токму една апликација може да биде почеток
на нешто многу поголемо. Најважно е да преземете иницијатива и да си дадете
шанса.
Многу луѓе се обесхрабруваат по неколку неуспешни апликации и престануваат да
бараат работа. Но, секое интервју, секоја испратена биографија и секој нов контакт
претставуваат вредно искуство што ве приближува до вистинската позиција.
Работодавците не бараат само совршено “CV”, тие бараат мотивирани, одговорни
и подготвени кандидати кои сакаат да учат и да се развиваат.
Подеднакво важно е да бидете информирани. Најдобрите можности често се
пополнуваат брзо, па затоа редовното следење на новите огласи може да многу
да помогне. Колку порано ја забележите вистинската работна позиција согласно
вашите квалификации, толку побрзо реагирајте и пријавете се.
Не плашете се да аплицирате дури и ако не ги исполнувате 100% од условите.
Доколку ги поседувате клучните вештини, желбата за работа и потенцијалот за
развој, многу компании ќе препознаат вредност и во кандидат кој е подготвен да
напредува.
Исто така, не ја потценувајте важноста на добро подготвеното “CV” и краткото и
јасно мотивациско писмо, бидејќи тие се вашиот прв впечаток и можност да
покажете зошто токму вие заслужувате шанса.
Во целиот процес, изборот на вистинското место за барање работа може
значително да го олесни патот. Наместо да трошите време на различни извори и
непроверени информации, користете платформа што на едно место нуди
разновидни и актуелни можности. “JobLink by DEKRA” им овозможува на
кандидатите едноставно пребарување на огласи, брзо аплицирање и пристап до
работни позиции од различни индустрии и нивоа на искуство.
Многу кандидати пропуштаат одлични можности затоа што мислат дека не ги
исполнуваат сите услови или чекаат „идеална“ понуда. Во пракса, најчесто
успеваат оние што се охрабруваат да направат чекор напред и да ја искористат
шансата кога ќе се појави. Затоа, не двоумете се, аплицирајте, стекнувајте
искуство и дозволете новите можности сами да ве изненадат.
Среќно!
_1782206469785.jpg&w=3840&q=75)