Живееме во период кога дигиталните платформи и социјалните мрежи ни овозможуваат простор за брза и лесна промоција на нашиот производ, услуга или бизнис. Денес, голем дел од компаниите на маркетинг и промотивните услуги гледаат единствено како на голем трошок и нешто што го оптоварува нивниот годишен буџет. Но, со правилен и стратешки пристап, поддршка од стручен тим и јасна визија, маркетинг активностите во голема мера можат да претставуваат инвестиција. Инвестирате во зголемен углед и препознатливост на бизнисот/компанијата (brand awareness), креирање платформи за континуирана комуникација со клиентите, градење визуелен идентитет, вмрежување, зголемена продажба и слично.
Иако со една блог-статија не можат целосно да се објаснат придобивките од маркетинг и ПР активностите, сепак можат да се постават основните насоки за правилно однесување во дигиталниот простор (социјални мрежи, веб-платформи, комуникација со медиуми и ПР):
• Креирајте визуелен идентитет по кој ќе бидете препознатливи (бои, лого, фонт, brand book);
• Отворете канали на социјалните мрежи преку кои ќе комуницирате со вашата таргет публика. Не е потребно да бидете присутни на сите мрежи, туку таму каде што е активна вашата целна група;
• Користете соодветен дизајн на објави;
• Пишувајте квалитетни објави (copywriting) преку кои ќе ги објаснувате придобивките од вашето функционирање за другите;
• Одвојте буџет за креирање кампањи и спонзорирање на објави;
• Вложувајте во креирање видеа (reels), кои секогаш се повпечатливи и попривлечни за публиката;
• Одржувајте тековна двонасочна комуникација и одговарајте на сите релевантни пораки и прашања на социјалните медиуми.
Ова се само иницијални совети за комуникација и промоција на вашиот продукт, сервис или услуга. Не заборавајте дека тимот на JobLink by DEKRA може да одговори на овој предизвик и целосно да се погрижи за јавните комуникации на вашата компанија, за мултимедијално претставување на вашиот бизнис, организирање на настани и слично. Впрочем, тоа е овозможено и преку нашата веб-платформа www.dekrajoblink.mk, која полека прераснува во вистински медиум од областа на човечките ресурси и вработувањето.
Контактирајте нѐ за повеќе информации и детали на:
info@dekrajoblink.mk | +389 70-419-453 | +389 2 3 230-952
