Веќе навлеговме во декември, последниот месец од годината. Голем број од работниците, компаниите прават ретроспектива на годината, но и на обврските кои треба да ги реализираат до крајот на истата.
Една од законските обврски е и исплатата на регресот за годишен одмор.
Оттука, исплатата на регресот за годишен одмор, за вработените во приватниот сектор изнесува 16.800 денари или 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. За вработените во јавниот сектор, во администрацијата, висината на регресот е 11.000 денари.
Условот за работникот да добие регрес е да работел најмалку шест месеци во тековната година кај ист работодавец. Овој надоместок им следува и на оние работници кои ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во истата компанија.
Исплатата на регрес претставува законско право на работникот. Во случај работодавецот да не исплати регрес, предвидени се казни до 4.000 евра, односно 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното физичко лице во неа.
Сите неправилниности околу исплатата на регресот, работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд .
ДАЛИ ИСПЛАТИВТЕ РЕГРЕС ЗА 2024?
Веќе навлеговме во декември, последниот месец од годината. Голем број од работниците, компаниите прават ретроспектива на годината, но и на обврските кои треба да ги реализираат до крајот на истата.
