Тимот на JobLink by DEKRA Ви ја честита Новата 2025 година. Ви посакуваме добро здравје, среќа, љубов и успеси на личен и професионален план.
За нас, тимот на JobLink, ова беше година на раст и развој. Со креирањето на веб-платформата www.dekrajoblink.mk направивме значаен исчекор во поврзувањето на барателите на работа со компаниите. Создадовме интерактивен веб-сајт кој овозможува полесно и побрзо пронаоѓање на работно место, согласно вашите квалификации и интереси.
За краток период, платформата бележи раст, со стотици креирани профили на физички лица, како и профили на компании. Кога станува збор за компаниите, платформата им овозможува промоција и автентично прикажување на нивната култура и вредности кои ги применуваат во секојдневното работење.
Во 2025 година ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите услуги и да се позиционираме како вистински партнер за барателите на работа и компаниите.
Ви благодариме за довербата и поддршката.
Среќна Нова 2025 година. Среќни новогодишни и божиќни празници.
Тимот на JobLink by DEKRA
