Сите зборуваат за CV, но што со психолошката подготвеност?
Зошто е време да го смениме фокусот од технички кон емоционален аспект
Кога ќе се спомне „барање работа“, првото што ни доаѓа на ум е:
„Дали ми е ажурирано CV-то?“
„Како е форматирано мотивационото писмо?“
„Дали имам доволно искуство?“
И додека овие прашања не се погрешни – тие се само половина од приказната. Онаа полесната, мерливата и видливата. Но што е со невидливата половина? Што е со психолошката подготвеност пред интервју? Што е со самодовербата, справувањето со одбивања, внатрешната мотивација и стравот од неуспех?
Технички подготвен – но емоционално блокиран
Може да имаш одлично CV, перфектен LinkedIn профил и сертифицирани вештини – но сепак да се чувствуваш парализирано пред секое интервју. Или уште полошо – да избегнуваш аплицирање поради внатрешно чувство дека „не си доволен/а“.
Вистината е дека на пазарот не се натпреваруваме само со други – туку и со сопствените внатрешни гласови:
• „Што ако не бидам доволно добар/добра?“
• „Што ако ми постават прашање што нема да го знам?“
• „Што ако ме одбијат повторно?“
Кога последен пат се подготви психолошки пред интервју?
Не станува збор само за тоа да си кажеш „ќе биде добро“. Станува збор за вистинска внатрешна работа:
• Справување со анксиозноста;
• Вежбање самодоверба и сигурна комуникација;
• Учење како да го прифатиш одбивањето без да се сомневаш во својата вредност;
• Развивање внатрешна стабилност независно од исходот.
Овие работи не се учат преку темплејти. Се градат преку пракса, поддршка и самосвест.
Психолошката издржливост е новиот „power skill“
Во време на голема конкуренција и брзо темпо, најголемата предност не е совршено CV, туку способноста да издржиш притисок, да се адаптираш по неуспех и да продолжиш понатаму без да ја изгубиш вербата во себе.
Како да се подготвиш психолошки за пазарот на труд?
• Запознај го својот „внатрешен критичар“ – и научи да не го слушаш;
• Вежбај интервјуа со пријател, со фокус на емоционална стабилност, не само на одговори;
• Води дневник на одбивања – и што си научил/а од секое искуство;
• Не се споредувај со туѓите успеси – споредувај се со сопствениот напредок;
• Потсети се: работата е важна, но не ја дефинира твојата вредност.
Не ја занемарувај психолошката подготвеност – таа често е одлучувачки фактор помеѓу добар кандидат и самоуверен кандидат. Следниот пат кога ќе го отвориш документот „CV_final“, прашај се:
„Дали сум и јас подготвен/а, или само мојот фајл е?“
