Социјално-економскиот контекст во кој живееме бара од нас да заработуваме повеќе, да трошиме повеќе, но и постојано да имаме поголеми потреби и очекувања. Многумина од нас веќе работат и по две или три работи. Фактот што денес од својот дом или од локалното кафуле можете да работите и за компанија во Америка придонесува да се чувствувате посигурно и финансиски постабилно.
Сепак, дали е можно да се воспостави баланс и да имаме време за сè што сакаме да направиме во текот на денот?
Дали е возможно квалитетно и одговорно да ја работиме нашата примарна работа или работна позиција, а паралелно да бидеме посветени и на други клиенти?
Овие прашања честопати создаваат дилеми кај нас самите, но и кај работодавците, кои не секогаш се чувствуваат комфорно кога нивните вработени работат повеќе работи.
Новото време и пост-ковид периодот потврдија дека е можно и изводливо еден човек да работи повеќе работи. На крајот од денот, најважно е како менаџираме со своето време, како ги организираме своите професионални и приватни активности и кои се нашите цели.
Тимот на JobLink by DEKRA ве советува да бидете активни, да останете продуктивни, но секогаш да одвојувате време и за себе. Само така ќе воспоставите баланс и хармонија што ќе бидат во ваша корист.
