Едно од најчестите прашања што си го поставуваат кандидатите е: „Дали да аплицирам ако не ги исполнувам сите услови од огласот?“
Вистинскиот одговор најчесто е: ДА, обиди се!
Огласите за работа најчесто претставуваат опис на идеалниот кандидат што компанијата би сакала да го пронајде. Сепак, тоа не значи дека секој избран кандидат ги исполнувал сите барања во моментот на аплицирањето.
Најважно е да ги исполнувате клучните услови за позицијата, како што се потребното образование, релевантното работно искуство или специфичните технички вештини доколку тие се неопходни за извршување на работните задачи. Доколку ви недостигаат некои дополнителни квалификации, но имате желба за учење, релевантно искуство и потенцијал за развој, вреди да ја испратите вашата апликација.
Работодавачите не ги оценуваат кандидатите само според списокот на исполнети услови. Во процесот на селекција често се земаат предвид и професионалниот пристап, мотивацијата, комуникациските способности, приспособливоста и желбата за напредок. Токму овие квалитети понекогаш можат да бидат пресудни при изборот.
Пред да аплицирате, внимателно прочитајте го огласот и разликувајте ги условите што се задолжителни од оние што се сметаат за предност. Во вашето CV истакнете ги искуствата и вештините што најмногу одговараат на барањата на позицијата, а доколку испраќате мотивациско писмо, искористете го за да објасните како можете да придонесете за компанијата.
Најголемата грешка е однапред да се откажете и воопшто да не аплицирате. Ако сметате дека можете успешно да ја извршувате работата и ги исполнувате најважните критериуми, дозволете му на работодавачот да ја донесе конечната одлука.
Следете ги актуелните огласи на JobLink by DEKRA, пронајдете позиција што одговара на вашите компетенции и направете го првиот чекор кон вашата следна професионална можност.
_1785834245969.jpg&w=3840&q=75)