Брзото и динамично време подразбира и често менување на работните позиции. Вработените бараат и очекуваат подобри услови за работа, како и атмосфера што мотивира и ги прави среќни.
Работодавците, сопствениците на компаниите и менаџерите имаат голема одговорност во обезбедувањето здрава и квалитетна работна средина.
Иако платата и надоместокот се најважниот фактор, сепак се земаат предвид и многу други околности.
Кога последен пат организиравте тим билдинг? Кога последен пат бевте на доручек, кафе или afterwork со вашиот тим? Дали ги наградивте вработените кои во овој период донесоа нов клиент или чија работа очигледно придонела за задоволство и успех?
Создадете атмосфера што ќе придонесе вработените да доаѓаат на работа без тешкотија и со вистинско задоволство, а не со чувство на отпор кон работното место.
Платата не е секогаш единствениот предуслов, но важно е да се следат и потрошувачката кошничка и трошоците за живот, кои рапидно се зголемуваат и на национално и на глобално ниво.
Во случај компанијата да не е во можност да ја зголеми платата на вработениот, не заборавајте дека секогаш можете да понудите дополнителен слободен ден, флексибилно работно време, работа од дома, ваучер за СПА или слично.
Постојат многу начини — најважно е носителите на одлуки да имаат волја и вистински информации за своите вработени и за контекстот во кој работат.
