Општествената одговорност или CSR (Corporate Social Responsibility) е област која сè повеќе компании и корпорации ја вклучуваат во своето работење. Поголемите компании имаат и годишни планови за општествена одговорност, кои опфаќаат низа активности распределени по месеци во текот на годината, со цел да се придонесе кон заедницата.
Активностите во областа на општествената одговорност даваат конкретен придонес кон средината — природата, здравството, социјалните прашања, спортот, културата и други области.
Сепак, ако во минатото садењето дрвја и возењето велосипед до работа се сметаше за значајна активност, денес тие сè повеќе се гледаат како дел од редовното работење на компаниите.
Оттука, ПР-от е важен за компаниите, но тие треба особено да внимаваат кога објавуваат ПР содржини (соопштенија, фотографии, видеа) за своите општествено одговорни активности — тие треба да бидат релевантни, конкретни и значајни.
Во овој период, голем број компании донираат новогодишни пакетчиња за социјално ранливи категории деца и слично. Сепак, многу е важно овие активности да не се злоупотребуваат за евтина ПР промоција.
Затоа е добро компаниите континуирано да придонесуваат кон заедницата и плански да ги организираат своите активности. Тоа значи да бидат актуелни, но и да ги прилагодат CSR активностите на контекстот и дејноста со која се занимаваат.
Тимот на JobLink by DEKRA ги повикува сите компании во 2025 година да бидат уште поодговорни кон заедницата и реално да помагаат на оние на кои им е најпотребно.
