На веб-платформата www.dekrajoblink.mk свој профил можат да креираат и сите компании (работодавачи). Доволно е да кликнете на опцијата „Работодавачи“ и да го започнете процесот на регистрација.
Внесете име и презиме на одговорното лице, контакт телефон, назив на компанијата, број на вработени, e-mail адреса и град.
JobLink by DEKRA е креирана на брз и едноставен начин да ги поврзе компаниите со барателите на работа. Дополнително, работодавачите можат лесно да објавуваат огласи за вработување, да ги следат апликантите и процесот на аплицирање, како и да мапираат и пронаоѓаат кандидати кои одговараат на барањата и спецификите на работната позиција, но и на културата и вредностите на компанијата.
Живееме во ера на промени и постојан недостаток на време. Затоа е важно да располагаме со платформа која може да ги претпостави нашите идни чекори и цели. Интуитивноста е една од главните карактеристики на оваа дигитална платформа, која ви заштедува време и ресурси.
Исто така, преку www.dekrajoblink.mk секоја компанија може да ги промовира и своите услуги и сервиси што ги нуди на своите клиенти. Нашиот маркетинг тим ќе ви помогне во креирање релевантна содржина за претставување на вашиот бизнис, како во делот на јавните комуникации, така и во продукција и постпродукција на различни видеа и содржини чија цел е да го задржат вниманието на публиката и да пробудат интерес.
