Живееме во брзо и динамично општество кое бара постојано прилагодување на промените во работната средина и во конкретната индустрија. Иако често мислиме дека нашето образование завршува со крајот на додипломските и мастер студиите, во денешен контекст тоа повеќе не е така.
Интернетот, новите дигитални алатки, а особено вештачката интелигенција (AI), придонесоа учењето да биде уште поинтензивно и континуирано. Новите технологии не треба да ги гледаме со страв и недоверба — напротив. Никој не може да го загрози нашето работно место или позиција ако сме подготвени да учиме и постојано да се надградуваме.
Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, особено оние кои се подготвени да ја разберат, да ја изучуваат и да ја искористат за свое добро. Ако се користи правилно, заедно со другите дигитални алатки, таа може да нѐ направи уште попродуктивни, да ни помогне за пократко време да ја завршуваме работата и дури да заработуваме повеќе.
Учењето не престанува со формалното образование и тоа мора да го прифатиме. Но, исто така, треба да знаеме дека новото учење не подразбира само учење преку книга или PowerPoint презентација. Денес учиме од секоја новореализирана кампања, обука, онлајн курс и од секое ново искуство на дневно ниво.
Затоа, нема простор за разочарување. Бидете храбри, останете енергични и продолжете да се надградувате.
