„Стар/а сум, не можам да менувам...“, „Не сакам пак од почеток да се адаптирам и да се докажувам...“, „Уморен/уморна сум од запознавање со нови колеги и нови процеси на работење...“
Ова се дел од фразите кои честопати ги користиме како оправдување во моментите кога не сакаме да направиме промена на работното место или во работната средина.
Има голем број работници кои се подготвени да „издржуваат“ наместо да напредуваат. Свесни се за токсичната средина, за нарушените меѓучовечки односи, а можеби и за ниската плата и бонусите, но сепак не сакаат да ја направат промената.
Причините можат да бидат различни — од недостиг на самодоверба, преку недостаток на нови вештини и знаење, па сè до комфор зоната.
Сепак, првиот чекор мора да се направи. Доколку ви недостасуваат вештини и знаења за нови работни позиции, freelance проекти и слично, JobLink by DEKRA се приклучи кон акцијата на Brainster за доделување ваучери во вредност од 1.000 евра за една од академиите на Brainster.
Аплицирајте за ваучер од 1.000 евра на следниот линк: https://brainster.co/
Процесот на аплицирање е брз и едноставен. Со пополнување на десетина основни прашања, ќе бидете во можност да добиете ваучер и да се запишете на академија за дигитален маркетинг и AI, графички дизајн и AI, Data Science и многу други академии.
Вложувајте во сопствените знаења и континуирана надградба. Останете во тек со сите новости и промени во индустриите и направете ја промената.
