Во последниве неколку години, работните огласи за entry-level позиции – оние наменети за кандидати со малку или без работно искуство – сè почесто изгледаат како да се пишувани за супер-херои, а не за млади луѓе кои штотуку ја почнуваат својата кариера.
3 години искуство… за почетна позиција?
Колку пати сте налетале на оглас кој бара минимум 2–3 години работно искуство за junior улога? Иронијата е очигледна – како некој да стекне искуство ако никој не му дава шанса без искуство? Тоа создава затворен круг кој демотивира многу млади луѓе.
Универзитетска диплома + 5 софтверски вештини + 3 јазици = entry-level?
Во обид да најдат „сѐ во едно“ кандидати, многу компании поставуваат нереални барања:
• Завршени студии (со одличен успех);
• Познавање на специфичен софтвер или алатки;
• Англиски јазик на одлично ниво, плус уште еден странски јазик;
• Тимска работа, но и самостојност;
• Пожелно е да сте и креативни, но и екстремно аналитични.
Резултатот? Позиција која би требало да биде за почетници, изгледа како улога за искусен професионалец со неколку години работно искуство.
Зошто се случува ова?
• Компаниите се надеваат дека ќе добијат „повеќе за помалку“, па поставуваат високи стандарди за ниско платени позиции;
• Автоматизираните системи за селекција ги филтрираат кандидатите според клучни зборови, па затоа во огласите се додаваат повеќе барања за „поголема прецизност“;
• Недостигот од јасни дефиниции за работните улоги доведува до тоа во описот да се вклучи „сѐ што би можело да се најде“.
Последици од нереалните огласи
• Губење на таленти – многу способни млади луѓе се откажуваат уште пред да аплицираат;
• Фрустрација и анксиозност кај оние што се обидуваат да ги исполнат невозможните критериуми;
• Голема неусогласеност меѓу платата и барањата – компаниите бараат многу, а нудат минимално.
Што можат да направат компаниите?
• Да ги ревидираат реално потребните вештини за почетните позиции;
• Да понудат onboarding програми и обука за новите вработени;
• Да бидат транспарентни за тоа што е „пожелно“, а што е „неопходно“.
Совет до барателите на работа:
Доколку исполнувате 60–70% од барањата – аплицирајте! Многу компании се флексибилни кога ќе пронајдат личност со вистински став и потенцијал.
