Зошто да ја изберете оваа платформа?
• Технички одлично дигитално решение
Платформата е изработена на интуитивен начин и ги претпоставува „чекорите“ на корисниците, како и нивните афинитети и потреби. Таа не ги оптоварува читателите со премногу информации и податоци, туку содржината е систематизирана во седум рубрики: дома (почетна страница), огласи, дел за платформата („За нас“), блог, контакт и дел за работодавачи. Платформата е адаптирана и за мобилен формат.
• Корисни вести за барателите на работа и компаниите
Преку рубриката „Блог“ можете секојдневно да читате корисни вести од областа на HR индустријата. Тука ќе пронајдете десетици совети за правилно да го подготвите вашето CV, да се подготвите за интервју, да ги мотивирате вработените или да прочитате за предизвиците поврзани со вештачката интелигенција (AI).
• Дневно ажурирање и објавување нови огласи за вработување
Секој ден е нова шанса да најдете подобро работно место и средина што ќе ве мотивира и ќе ве прави посреќни. Следете ги огласите што ги објавува тимот на JobLink by DEKRA и креирајте свој профил на оваа платформа.
• Интерактивен портал
Создадовме интерактивен, двонасочен портал за комуникација помеѓу барателите на работа и компаниите. Во современиот свет, новите дигитални платформи повеќе не се само информативни страници, туку треба да обезбедат уникатно искуство за корисниците. Важно е платформите и апликациите да се поврзат со корисниците и да бидат нивен водич во секојдневието, одговарајќи на нивните прашања, дилеми и потреби.
• Направете добро дело
Секој корисник на платформата www.dekrajoblink.mk може да ја покаже својата хуманост и солидарност, и преку платформата Ways2Help да донира и да им помогне на социјално загрозените домаќинства.
