СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
Во име на наш клиент, компанија со долгогодишно искуство во ниско градба, ДЕКРА ја огласува работната позиција:
- СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Комплетно водење и контрола на сметководственото работење;
- Контрола на книжење на финансиска и материјална документација;
- Сметководствена документација, влезни, излезни фактури, изводи, ДДВ;
- Подготовка на неделни и месечни извештаи;
- Контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на компанијата и нивна обработка;
- Подготовка на завршна сметка (соработка со сметководствено биро);
- Секојдневна комуникација со државните институции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование;
- Работно искуство во градежна компанија ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Pantheon ќе се смета за предност;
- Добри аналитички способности, прецизност, уредност и одговорност;
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа;
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com