Директор на развој
Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Директор на развој
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Управување со процесите на проектирање, градба и технички надзор;
- Администрирање и следење на дозволи за градба и проектна документација;
- Координација со секторите за градба и контрола на договори и надзор;
- Координација во проекти и следење на статус на проекти;
- Предлагање и спроведување концепти за експанзија;
- Управување со процесите на набавка, одржување и сервисирање на опремата;
- Преговори, изнајмување објекти и координација на финализацијата на проектите;
- Подготовка и презентација на извештаи пред Управата за сите тековни проекти и развој на мрежата;
- Организација и избор на тимови за проектирање и следење на навремено доставување документација до институциите;
- Подготовка и организирање тендери за избор на главни изведувачи;
- Контрола на активности во градежништво, техничка набавка и управување со недвижности;
- Следење на административно-финансиските процеси на секторите под негова надлежност;
- Долгорочно планирање и развој на персоналот, како и организација на оперативни состаноци;
- Следење и контрола на годишните планови на заедничките служби;
- Надзор над техничко одржување на деловен простор, опрема и возен парк;
- Контрола на процеси за набавки на опрема, услуги и канцелариски материјали;
- Обезбедување на безбеден, организиран и функционален работен простор;
- Развивање, имплементирање и следење проекти поврзани со работењето на секторот.
КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование од областа на градежништво, машинство, електротехника, архитектура или економија/менаџмент;
- Минимум 10 години искуство нa иста или слична раководна позиција;
- Искуство во управување со повеќе тимови и координација на комплексни процеси;
- Одлично познавање на регулативата за градба, дозволи и техничка документација;
- Силни организациски и лидерски вештини, со способност за планирање, следење и контрола на повеќе проекти паралелно;
- Напредно користење на MS Office (Excel, Project) и работа со техничка и проектна документација.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com