За поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Аптив бара кандидати за позицијата:
Главни задачи и одговорности:
· Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции;
· Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини (од типот на автоматско поставување и инсертирање на ел. компненти, CNC, автоматска оптичка инспекција, нанесување на паста, автоматско лемење на компоненти, тест машини, вибрирачко заварување итн) во линиско производство на електронски плочки и готови модули;
· По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации.
Потребни квалификации:
· Минимум завршено средно електро-техничко образование;
· Познавање на Eлектротехника, Електроника, Автоматика и Механика;
· Напредно интерпретирање и разбирање на електронски и електротехнички шеми и технички цртежи;
· Пожелно е претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини (индустриски, домашни);
· Познавање и способност за користење на рачен електричен алат;
· Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок;
· Прецизност, работливост и флексибилност;
· Добро познавање на англиски јазик;
Ви нудиме:
· Можност за работа во глобална организација;
· Личен раст и кариерен развој;
· Исплата на регрес и минат труд;
· Слободен ден за роденден;
· Спортски активности;
· Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи;
· Организиран транспорт и храна за вработените;
· Социјални активности и програми;
· Работно време: во три смени.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Рок за аплицирање: 30.11.2024
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.
*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: Rabota@aptiv.com
We use cookies to ensure you get the best experience on our website. By clicking "Accept", you agree to the use of cookies.