ASTA ADRIA е групација на фери агенти со примарна дејност организација, резервација и продажба на билети за карго и патнички ферибродски транспорт. Групацијата нуди голем број на фери дестинации низ цела Европа со постојан тренд на секојдневно ажурирање и проширување на понудата и подобрување на условите за патување.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
· Дневна комуникација со клиенти и соработници (бродски компании и сл.) за спроведување на услугите на компанијата, преку користење на различни канали на комуникација;
· Евиденција на барања од клиенти, правење на резервации и следење;
· Утврдување итни и приоритетни резервации;
· Известување на клиентите за направените резервации и испраќање на резервациски кодoви;
· Тековна проверка и евиденција на внесените карти и цени во систем;
· Проверка и синхронизација на слободни места во бродски компании и координација со клиенти кои имаат потреба од услугата;
· Градење и одржување на релации со клиенти и соработници.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Претходно работно искуство од минимум 1 година, искуство во меѓународен транспорт, шпедиција (Диспечер/Диспонент), хотелиерство (Рецепционер), туристичка агенција (Агент за туристички и авионски резервации) ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на Англиски јазик, познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски (усни и писмени) вештини;
- Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон оставарување резулати;
- Лојалност, посветеност и доверливост во извршување на секојдневните обврски;
- Позитивен став и професионалност кон клиентите;
- Подготвеност за работа во смени и дежурства.
Дополнителни информации: Работното време е во смени.
We use cookies to ensure you get the best experience on our website. By clicking "Accept", you agree to the use of cookies.