АДРОИТ е нова и модерна компанија која за неколку години веќе се етаблира на домашниот пазар како една од водечките компании кои се водат од принципите на безбедност, квалитет и професионалност при работа.
Иновативноста и модерната технологија за нас се предизвик и инспирација, да создаваме и менаџираме проекти кои со својот уникатен дизајн и примена на најсовремена технологија во градежништвото, ќе остават траен белег за идните генерации.
Нашиот фокус е насочен кон создавање на уникатни, оригинални и неконвенционални архитектонски решенија за станбени и деловни простори, а со успешно менаџирање со проектите да создаваме урбани и иновативни градби и да придонесеме кон унапредување и подигање на стандардите на квалитет во градежништвото во нашиот регион.
Мисија - Нашата мисија е создавање на тим од успешни професионалци кои со својата визија храбро и амбициозно ќе чекорат со предизвиците на новото време, и водени од глобалните трендови и технологии да прераснеме во едни од предводниците на иновативниот современ архитектонски дизајн, самоодржливоста и квалитетната изведба.
We use cookies to ensure you get the best experience on our website. By clicking "Accept", you agree to the use of cookies.